Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце). Ако пултот на рецепцијата не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5 до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот.
Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби, а дозволува доволно меѓусебно растојание. За тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости (играчки, списанија), а гостинот заедно со клучот треба да добие флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете.
Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително.
Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани. Приборот кој предходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, а ќе биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка. Сите апарати за точење вода, чај, кафе, сок, да се отстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата, се наведува во Протоколот. Растојанието меѓу столчињата од соседните маси треба да биде 1,5 до два метра. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција.