ВИДЕО: Јапонци направија апликација која на спортските фанови им овозможува да навиваат на стадион додека седат дома

- Advertisement -

Спортските настани во целиот свет полека се враќаат во нормала после карантините поради корона вирусот, но без навивачи на стадионите. Една апликација која ја креираа Јапонци им овозможува на сопствениците на смартфони да навиваат на оддалеченост, односно да навиваат на стадион додека седат дома и гледаат ТВ.

Kога на 4 јули ќе почнат кошаркарските натпревари од J-League, јапонските фудбалски тимови ќе играат на празни стадиони, но навивачите и понатаму ќе можат да навиваат од своите домови. Се прашувате како е можно?

- Advertisement -

Во мај годинава апликацијата беше тестирана на стадионот Шизуока Екопа, кој е еден од најголемите во земјата. Апликацијата Remote Cheerer, која ја разви производителот на музички инструменти Yamaha, била конектирана со сите 58 звучници на стадионот и создала атмосфера со бучава, навивање, викање, пеење, исто како на нормален натпревар.

Корисниците на апликацијата можат да испраќаат навивање, аплаузи, навивачки песни на стадион преку своите смартфони.Фановите можат и да изберат на кој дел од стадионот ќе бидат пуштени нивните звуци, па така можат да ги поддржуваат играчите и тимовите после гол исто како да се таму со нив.

- Advertisement -

Оваа апликација може да се користи и на кошаркарските натпревари Nippon Professional Baseball (NPB), кои исто така ќе се одржуваат без фанови. Кога германската Бундеслига почна на 16 мај она што најмногу фалеше на стадионите беше бучавата на навивачите кога некој ќе даде гол.

Технолошката трансформација на спортот нема да заврши тука. Како што се развива јапонската 5G мрежа, ќе се овозможи уште поцелосно доживување за фановите. На стадионите ќе можат да бидат инсталирани повеќе камери, а технологијата за виртуелна реалност на гледачите ќе им овозможат од дома да контролираат како ќе го гледаат натпреварот. Според едно истражување на британскиот Универзитет Ридинг, освен економските бенефити од навивачите на стадионите, нивното присуство им помага на домашните тимови да постигнуваат подобри резултати.

- Advertisement -

Истражувачите ги споредувале европските фудбалски натпревари кои се одвивале зад затворени врати и тие со публика. Се покажало дека домашните тимови победиле во 36% од натпреварите на празни стадиони, споредено со 46% кога имало публика.

(World Economic Forum)

(фото: Yamaha)

Сподели!
- Advertisement -