Еуростандард банка ќе ги промовира литературата и младите автори во своите експозитури

- Advertisement -

Како долгогодишен поддржувач на уметноста, но и на културата воопшто, ова лето Еуростандард банка се приклучува кон проектот „Летна авантура со Култура“ преку кој Банката ќе ја промовира литературата и младите автори во сите свои експозитури.

Проектот на издавачката куќа „Култура“ подразбира промоција на многу нови наслови и попусти на голем број бестселери од повеќе домашни и странски автори, стручна литература, учебници, литература за деца итн., додека пак Еуростандард банка ќе го стави својот простор на располагање со цел промоција на литературата и уметноста.

- Advertisement -

Имено, во текот на летото просториите на Еуростандард банка ќе бидат претворени во литературно и творечко катче во кое многу млади автори ќе имаат можност да ги претстават своите дела, а пак за своите клиенти, како дел од проектот Банката најавува и голем број изненадувања, подароци, разни интересни активности за љубителите на книгата, како и содржини за најмалите.

„Во ова неизвесно време во кое живееме, книжевноста е уметност која создава нови, поинакви светови, правејќи го и нашиот свет подобро место за живеење. Токму затоа, во соработка со Култура одлучивме ова лето и нашите клиенти да ги однесеме во еден нов свет на нови наслови, бестселери, дела на бројни современи домашни и странски автори и голем број изненадувања, со што веруваме дека и нивното секојдневие ќе успееме да им го направиме поубаво и поразлично барем за момент. Ги покануваме сите заинтересирани да повелат во некоја од нашите експозитури, со цел заедно да делуваме во насока на промоција на уметноста и поддршка на младите автори“, велат од Еуростандард банка.

- Advertisement -

Инаку и досега Еуростандард банка се приклучувала на повеќе иницијативи и кампањи на издавачката куќа „Култура“ со цел поддршка на литературата, а е долгогодишен и искрен промотор и на културата воопшто, поддржувајќи бројни културни манифестации меѓу кои и „Охридско лето“ и „Скопскиот џез фестивал.“

За повеќе информации околу проектот „Летна авантура со Култура“ и најава на активностите, следете ја Фејсбук страницата на Еуростандард банка.

Сподели!
- Advertisement -