Научниците предупредуваат дека луѓето создадоа „совршена бура“ за појава на нови пандемии

- Advertisement -

Создадовме совршена бура за болести кои се пренесуваат од светот на дивите животни на луѓето и брзо се шират на глобално ниво, а уништувањето на природата од страна на луѓето дополнително го забрзува тој процес, предупредуваат научниците, пренесува BBC.

Ова е заеднички став на здравствените експерти кои проучуваат како и каде во светот се појавуваат нови болести. Во склоп на тие напори експертите развиле систем за препознавање на предупредувачки знаци кои можат да предвидат кои болести од дивите животни претставуваат најголема закана за луѓето.

- Advertisement -

Овој пристап кон проблемот го изнесуваат научници од британскиот Универзитет Ливерпул и тоа е дел од глобалните напори подобро да се подготвиме за идните заразни болести. Во последните 20 години имавме пет големи закани: САРС, МЕРС, ебола, птичји грип, свински грип и сега корона вирусот, вели професорот Метју Бејлис од универзитетот во Ливерпул. Успеавме да избегнеме пет закани, но шестата не погоди, поради што одблиску мора да ги надгледуваме болестите меѓу дивите животни, смета професорот.

Во рамки на деталната анализа заедно со колегите осмислиле систем на препознавање на однесување со кој може да се проучи огромна база на податоци на сите познати болести од животинско потекло. Меѓу илјадниците бактерии, паразити и вируси познати на науката овој систем препознава каде се кријат најголемите опасности за луѓето. Ако некој патоген се прогласи за приоритетен, научниците велат дека ќе ги насочат своите истражувачки напори кон пронаоѓање превентивни мерки и начин на лекување пред да се појави зараза.

- Advertisement -

(Zimo, BBC)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -