Во ова време на пандемијата на корона вирусот најголем акцент се става на одржувањето на хигиената. Иако изгледа тривијално и нешто што требало да ни стане навика уште од мали деца, не сите луѓе одржуваат најдобра лична хигиена.
Наместо самите да ги чистиме тоалетите за да се чувствуваме побезбедни од вирусот, иноватори создадоа ротирачки тоалет кој самиот се чисти и дезинфицира пред да го употреби некој друг.
Тоалетот се вика The Revolving Toilet, а е дело на компанијата Sanitronics. Системот е наменет за употреба во јавни простории. Чистењето се врши со вода под силен притисок со биоразградлив сапун. Тоалетот се чисти самиот и однадвор и внатре, а притоа се троши минимална количина вода. Додека се ротира поминува низ посебна пумпа за воздух која го суши.