Кожувчанка стартува производство на лименки за своите производи

- Advertisement -

Кожувчанка ДОО имплементираше комплетно нова производствена линија по најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите брендови на компанијата со исклучок на водите. Производите во нова амбалажа ќе се најдат на пазарот од месец јули.

За оваа инвестиција се издвоени 715 000 евра и новата технологија ќе овозможи Sinalco газираните пијалаци од ова лето да може да се консумираат и во лименка.

- Advertisement -

Кожувчанка ДОО се одлучи на овој потег се’ со цел задоволувајќи ги потребите и барањата на своите потрошувачи кои се се’ во поголем број потрошувачи на газираните пијалаци Sinalco. Sinalco Ice tea исто така сега е во нова амбалажа- лименка и негазираните природни густи сокови од палетата на Sinetta, додека и понатаму останува со производство и енергетскиот пијалак Energi’s.

Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco која што ќе има производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди“, изјави од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -