Глобалниот туризам ќе претрпи штета од најмалку 1,2 трилиони долари поради корона вирусот

- Advertisement -

УНКТАД проценува дека за секој 1 милион долари изгубени приходи во интернационалниот туризам националните приходи на една земја може да се намалат за 3 милиони долари. Ефектите од покачената невработеност може да бидат драматични.

Туристичкиот сектор на глобално ниво може да претпри загуба од дури 1,2 трилиони долари или 1,3% од глобалниот БДП како резултат на речиси четири месеци стагнација поради пандемијата на корона вирусот, се вели во извештајот на УНКТАД објавен на 1 јули.

- Advertisement -

Конференцијата за трговија и развој на ОН предупреди дека оваа загуба може да се покачи на 2,2 трилиони долари или 2,8% од глобалниот БДП ако стагнацијата во туристичкиот сектор потрае осум месеци, а толкави се и проекциите на Светската туристичка организација на ОН.

УНКТАД проценува дека во најпесимистичкото сценарио, односно застој на сите активности во светот во период од 12 месеци, пандемијата на корона вирусот ќе резултира со загуба од 3,3 трилиони долари или 4,2% од глобалниот БДП.

- Advertisement -

Поради карантинот и рестрикциите на движење, намалените приходи на луѓето и ниската самодоверба во некои земји значително можат да го забават закрепнувањето на туристичкиот сектор. Дури и ако туризмот полека се рестартира во поголем број земји, во многу други уште стагнира.

За многу мали островски земји колапсот на туризмот значи и колапс на целиот развој и тоа не е нешто што светот може да си го дозволи, велат од УНКТАД. Земјите во развој ќе претрпат најголема штета по БДП. Јамајка и Тајланд се очекува да имаат загуба од 11%, односно 9% од БДП во најоптимистичкото сценарио на УНКТАД.Според УНКТАД, Хрватска ја очекува загуба од околу 8% БДП. Други земји кои ќе претрпат поголема загуба се Кенија, Египет и Малезија – околу 3% од БДП.

- Advertisement -

(UNCTAD)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -