Вкупно 17 вакцини за корона вирусот се тестираат на луѓе

- Advertisement -

Во тек се клинички тестирања на луѓе на 17 можни вакцини за корона вирусот, објави вчера Светската здравствена организација. Најнапредно е истражувањето кое го објави британскиот Универзитет Оксфорд, беше објавено на крајот на дводневната конференција на ОН за истражувања за корона вирусот.

Од СЗО наведуваат дека остануваат оптимисти дури и ако клиничките испитувања кои се во тек не дадат задоволителни резултати. „Имсме широк дијапазон со четири различни видови вакцини“ изјави Ана Марија Хенао, одговорна за истражување и развој во СЗО.

- Advertisement -

Во потрагата по вакцина за корона вирусот моментално се анализираат повеќе од 150 активни сопстанции. Вакцината AZD1222 на Универзитетот Оксфорд е првата која влезе во третата фаза од клиничките испитувања, а тоа значи тестирање на големи колични на голем број луѓе за да се утврди дали вакцината е ефикасна и безбедна, односно дали предизвикува нуспојави.

Уште пет вакцини се во втора фаза од клиничките испитувања, каде што нивното дејство се проучува на мал број болни луѓе за да се види дали има ефекти. Во првата фаза од клиничките тестирања се вршат испитувања на здрави луѓе за да се утврди нивната реакција на вакцината.

- Advertisement -

Клинички испитувања на можни вакцини се вршат и во Германија, поточно во компаниите Biontech во Мајнц и во CureVac во Туебинген. Не е познато дали ќе има вакцина за комерцијална примена до крајот на оваа година, но на тоа се надева главниот научник во СЗО, Соумиа Сваминатан.

Вообичаено се потребни 10 до 15 години за да се развие вакцина, но глобалното ширење на вирусот поттикна безброј научници од целиот свет и фармацевтски компании на напори без преседан во потрагата по вакцина.

- Advertisement -

(Dnevnik,hr, EU News)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -