Милиони луѓе во светот во секој момент гледаат во екранот од својот телефон и додека одат по улица. За некои телефонот е задолжителен дел од секој ден, за други, пак, телефоните се причина за постојано судирање со столбови, со други луѓе, па дури и со автомобили.
За да избегнат такви непријатни случки во јапонскиот град Јамато, односно предградие на Токио донеле необична уредба – се забранува истовремено одење по улица и користење на паметен телефон.
Посетителите кои стигнуваат на железничка станица во Јамато веднаш се предупредуваат на забраната за користење телефон додека одат по улица, низ трговски центар или во парк. Иако многумина мислат дека уваа уредба ќе наиде на негодување од жителите, напротив – сите 240.000 жители на Јамато ја дочекале со одушевување. Тие сметаат дека тоа е одраз на добра култура, доказ дека внимаваат и на околината, а не само на телефонот.
Интересно е тоа дека иако уредбата се однесува на сите, односно на жителите и посетителите, не се пропишани никакви казни. Во градот веруваат дека прекорните погледи на минувачите за прекршителите на уредбата ќе бидат доволни за да престанат да гледаат во телефон додека одат.
Оваа уредба не се однесува на луѓето кои ќе застанат или ќе седнат на клупа за да го користат телефонот.
(Dnevnik.hr, France24)