16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Јужниот пол се загрева трипати побрзо од остатокот од светот

UAKS desktop

Јужниот пол постојано се загрева. Всушност, една од најоддалечените точки на Земјата се загрева трипати побрзо отколку остатокот од планетата. Истражувачите се речиси сигурни дека овој негативен тренд е последица на човечко однесување.

Кајл Клем е истражувач на климатските науки и овој тренд го објасни за The Guardian. „Моите колеги и јас диксутираме дека овие трендови на загревање не се последица единствено на природните климатски варирања. Ефектите на климатските промени предизвикани од човекот комбинирани со природните промени што се случуваат во тропските предели заедно влијаат на климатата на Антарктикот. Заедно тие два фактори предизвикуваат Јужниот пол да биде една од точките на Земјата кои најбрзо се загреваат“, објаснува Клем.

Затоа што ледената маса покрива околу 140 квадратни километри, има огромни варирања на температурата. Научниците ги бележат температурите на најјужната точка на Земјата од 1957 година досега во најјужната опсерваторија на планетата, Амундзен-Скот. На Антарктичкото плато длабоко во Јужниот пол, најладното место на Земјата, просечните температури паѓаат до -60 степени Целизусови на зима и се искачуваат до -20 степени Целзиусови на лето.

Клем и неговите колеги се фокусирале на температурите измерени во последните 30 години. Тие заклучиле дека од 1989 до 2018 година Јужниот пол се загреал за 1,8 степени Целзиусови. Научниците веќе знаат дека антарктичкиот полуостров се загрева. Всушност, Есперанца, истражувачката станица на Аргентина на најсеверната точка на Јужниот пол измерила температура од 18,2 степени Целзиусови што е нов рекорд. Но, научниците се особено загрижени за покачувањето на температурите во внатрешниот планински дел на континентот.

(Inhabitat)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •