Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,15% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 29.06.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).

- Advertisement -

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг  и ќе изнесува 25,980 ден/кг.

- Advertisement -

Од 07.07.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            60,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             63,00 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       52,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               52,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      25,980 (денари/килограм)

Во  изминатиот седумдневен период  референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836%, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716%  и кај мазутот зголемувањето e во просек за 0,873% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 07.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 29.06.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,852 0,982
Австрија 1,019 1,048
Бугарија 0,893 0,872
Хрватска 1,136 1,192
Германија 1,100 1,297
Грција 1,147 1,422
Италија 1,286 1,399
Унгарија 1,030 1,017
Словенија 1,003 1,004
Сподели!
- Advertisement -