Рејтинг агенцијата Fitch Ratings во првата половина од годинава го намали кредитниот рејтинг на рекорден број држави – дури 33, а тој број уште повеќе ќе се зголемува затоа што глобалната пандемија и понатаму ги уништува јавните финансии на многу земји. Во првиот дел од годинава агенцијата за рекордни 40 држави ги намали изгледите на негативни, што упатува на тоа дека и нивните рејтинзи може да бидат снижени.
„Никогаш во историјата на Fitch Ratings сме немале 40 држави со негативни изгледи во исто време. И тоа откако во првата половина од годината веќе го намаливме рејтингот на 33 држави. Никогаш не сме ги намалиле ретјинзите на тoлку држави, а сме само на половина година“ изјави Џејмс Меккормак, директор на Fitch задолжен за рејтингот на државите.
Меѓу другите, во Fitch досега ги има намалено рејтинзите на Велика Британија, Австралија и на Хонгконг. Меккормак појасни дека многу влади морале да ги зголемат биџетските расходи за да со заштитат стопанството од остриот удат на пандемијата. Се очекува дека финансиските последици на корона-кризата ќе ги погодат сите 119 држави за кои Fitch издава рејтинзи, додава Меккормак.
Влошувањето на рејтингот на една држава може да биде во форма на поголем дефицит, помали буџетски трошоци или зголемување на задолженоста. „Она што не загрижува нас е што тоа ќе се случи веднаш штом ќе заврши кризниот период предизвикан од корона вирусот. Мислам дека тоа ќе биде во нашиот фокус и ќе биде реалниот фактор кој ќе одредува во кој правец ќе се движи рејтингот“ вели Меккормак.
(Poslvoni Dnevnik)
(фото: Wikimedia)