Создаден првиот мајмун со два типа ДНК во светот

- Advertisement -

Кинески научници споија клетки од ембриони од две различни единки на мајмун и го создадоа првиот химерен примат. Според грчката митологија, Химера е хибридно суштество со три глави, од напред лав, од назад змеј, а во средината коза, кој пустошел по Земјата дувајќи пламен од устата.

Во научната фантастика химеризмот вообичаено се однесува на чудовишта кои се добиен со мешање генетски материјал од две различни единки, а сега истражувачи од Кинеската академија на науки успеаја да го создадат првиот химерен мајмун.

- Advertisement -

Научниот тим зел примероци од матичните клетки на ембриони од мајмуни стари седум дена и ги ставил во мебрион од ист вид стар 4-5 дена Тој ембрион потоа бил ставен во женка мајмун, која подицна родила целосно формиран мажјак, односно првиот химерен мајмун во светот.

Ова е прв пат да се стави генетски материјал, кој е току голем процент од ткивото на новороденчето затоа што се вбризгани клетки кои се 92% од мозочното ткиво на мајмунот и сочинуваат околу 67% од системот на животните.

- Advertisement -

После раѓањето на мајмунот научниците забележале дека бебето од родот циномолгус макаки има јасни флеки на флуоресценција по целото тело, вклучувајќи и врвотите на прстите и очите.

Анализата на секвенцираниот ген и другите тестови покажале дека матичните клетки на донорот се присутни во 26 различни типови на ткиво и сочинуват од 21% до 92% од тоа ткиво. Вкупно, просечно околу 57% од ткивото е формирано со вбризгување на матичните клетки, а се наоѓа во мозокот, срцето, бубрезите, црниот дроб, гастроинтестиналниот тракт, тестисите и уште многу места.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Cell.

(Vidi.hr)

(фото: Freerange Stock)

Сподели!
- Advertisement -