Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош

- Advertisement -

Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи, пренесува порталот Маркетинг 365.

Ваков тип на сигнализација, како што соопшти Општината, беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 (од влезот на улицата „Разловечко востание“ и од пристапот на ул. „Трифун Бузев“), пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле (на улица „Јуриј Гагарин“), како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски (на ул. „Дрезденска“).

- Advertisement -

Столпчињата, наведуваат, треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

Локалната самоуправа ќе постави вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.

- Advertisement -

– Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи обични и интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата, се наведува во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -