Македонската берза ќе организира онлајн презентација за подобро запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam

- Advertisement -

Македонската берза во текот на јули ќе организира нови активности преку кои граѓаните ќе можат уште подобро да се запознаат со crowdfunding платформата Funderbeam.

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза, првиот настан во рамките на овие активности е бесплатна презентација на Дамир Бичаниќ, директор на Funderbeam SEE, на 08.07.2020 (среда) од 12:00 часот.

- Advertisement -

Регистрација на https://forms.gle/qfPjsUXRfgzAyv3GA

Презентацијата ќе се одржи преку Zoom платформата. Пред почетокот на презентацијата, ќе биде испратен линк за пристап до платформата за следење на презентацијата.

- Advertisement -

Во рамките на „Јули – месец на Funderbeam“ граѓаните ќе имаат можност да закажат online состанок со претставници на Берзата и да дознаат подетално за платформата.

Интересот за online состанок потребно е да се потврди кај Каролина Каровска Божиноска преку електронската пошта karolina@mse.org.mk.

- Advertisement -

(bankarstvo.mk)

Сподели!
- Advertisement -