31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Оваа куќа, направена без тули и бетон, целосно може да се рециклира

Kabtel desktop

Оваа куќа е направена без тули, бетон и челик, а може и целосно да се рециклира. Во текот на изградбата не се користени ни лепила, ниту столбови. Куќата е направена од плута од стари тапи за шишиња и од блокови направени од обновливо дрво.

Плутата е водоотпорна и многу ефикасен изолатор, а кога ќе и помине животниот век, куќата може да се рециклира. Според компанијата која ја дизајнираше, CSK Architects, животниот век и е проценет на најмалку 20 години. Куќата има 5 пирамидални кровови, инспирирани од стари градби. Прототипот на оваа куќа се наоѓа во британскиот град Итон. Целиот проект од концептот до првиот прототип траел 6 години.

Глобалната градежна индустрија генерира повеќе од 10% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. Затоа градењето со рециклирани материјали може да помогне да се забават климатските промени.

Производството на бетон, пак, е одговорно за 9% од глобалнта потрошувачка на индустриска вода, што придонесува за недостиг на вода во многу региони во светот.

This house was built without any bricks, steel or concrete

And it's completely recyclable.📕 Read more: https://wef.ch/2GJh8G

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 06 јули 2020

(World Economic Forum)

(фото: CSK Architects)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •