САД, Кина и Обединетите Арапски Емирати ќе лансираат мисии на Марс овој месец

- Advertisement -

Изгледа дека Марс стана пожелна дестинација за вселенските агенции ширум светот. Имено, повеќе вселенски агенции планираат некакви мисии на Марс, а САД, Кина и Обединетите Арапски Емирати планираат да испратат летала на Марс во текот на јули.

Јули е клучен месец за лансирање затоа што положбата на Марс овозможува полесно лансирање и пократко патување. НАСА веќе е присутна на Марс со својот ровер, а дополнителното летало Perseverance ќе овозможи истражување на друг дел од Црвената планета. Планирано е да слета во кратерот Езеро во февруари 2021 година и таму да помине извесно време.

- Advertisement -

Од друга страна, Кина сака да докаже дека е рамноправна со САД во вселенската индустрија, па нивната мисија Tianwen-1 ќе вклучува летало кое ќе го проучува Марс од орбитата, летало кое ќе ја проучува површината и возило кое ќе се движи по самата планета.

Истовремено, Обединетите Арапски Емирати сакаат да се позиционираат како технолошка сила и да го напуштат имиџот на земја која своето богатство фо базира на фосилни горива. Нивната мисија треба да трае 200 дена и ќе се фокусира на проучување на атмосферата на Марс. Дали ќе успеат да ги лансираат своите летала и кој од нив ќе стигне прв до Марс ќе видиме за неколку месеци.

- Advertisement -

(The Hill, Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -