31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Глобалното затоплување ќе надмине 1,5 степени Целзиусови во наредните пет години

Kabtel desktop

Просечната глобална температура веројатно ќе ја надмине зацртаната цел од ограничувањето до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период во барем една од идните пет години, покажува студијата на Светската метеоролошка организација.

Според студијата претставена пред два дена во Женева, има 20% шанси тој просек да биде забележан барем во текот на една од идните пет години во периодот од 2020 до 2024 година. Има и 70% шанси дека во текот на еден или повеќе месеци во текот на идните пет години ќе има најмалку 1,5 степени Целзиусови повисока просечна температура во однос на прединдустрискиот период, кој го опфаќа периодот од 1850 до 1900 година.

Оваа студија укажува на огромни предизвици за исполнување на целите од Парискиот договор за климатски промени за ограничување на растот на глобалната температура на помалку од 2 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период и напорите кои се вложуваат за да се ограничи зголемувањето на температурите до 1,5 степени Целзиусови, вели главниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Таалас.

Експертите даода посебно погубни прогнози за регионот на Арктикот кој годинава веројатно ќе се загрее двапати повеќе во однос на глобалниот просек. Освен тоа, просечната температура во светот веројатно ќе ги надминат прединдустриските нивоа за 1 степен Целзиусов во секоја од идните пет години. Периодот од 2015 до 2019 година веќе е најтопол од почетокот на мерењето.

Студијата е резултат на пресметки на британската метеоролошка служба и земени се предвид и природните варијации, како и човечкото влијание на климата, наведуваат од Светската здравствена организација. Но, не е земено предвид можното намалување на емисијата на стакленички гасови кои се резултат на забавувањето на светската економија поради пандемијата на корона вирусот.

Поради долгото задржување на јаглерод диоксидот во атмосферата намалувањето на годинашната емисија на стакленички гасови нема да доведе до намалување на концентрацијата на атмосферскиот јаглерод диоксид кој го поттикнува растот на глобалната температура, вели Таалас и додава дека пандемијата не би требало да се користи како изговор за стопирање на борбата против климатските промени со координирани и одржливи мерки.

(Dnevnik.hr, WTO)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •