Нивото на јаглерод диоксид денес е повисоко отколку во кој било друг момент во последните 15 милиони години, многу порано пред да се развијат модерните луѓе. Тогаш нивоата на морињата и океаните биле 20 метри повисоки отколку што се сега, а температурите биле 3-4 степени повисоки.
Поголемата количина јаглерод диоксид во атмосферата се поврзува со глобалното затоплување. Последните пет години беа најтоплите откако постои мерење на температурата, а најтоплите 20 години во историјата на човештвото се во последните 22 години.
Покачувањето на нивото на јаглерод диоксидот значи дека планетата ќе станува се потопла и поопасна за живот, каде што многу е поголема веројатноста за екстремни временски услови, додека глобалната емисија на СО2 може да се намали за 5% во 2020 година поради карантинот поради корона вирусот.
Но, потребно е да има годишен пад на емисијата од 7,6% до 2030 година за да се лимитира глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Научниците мислат дека ова би ги ублажило најлошите ефекти од климатските промени.
(World Economic Forum)
(фото: Pixabay)