Овие се најмоќните пасоши во светот

- Advertisement -

Најмоќниот пасош во моментот, според индексот на компанијата Henley & Partners за годинава, е јапонскиот. Јапонците со својот пасош можат слободно да патуваат во 191 земја во светот. Нивното истражување за моќноста на пасошите врши мерење според тоа во колку земји во светот нивните сопственици можат да патуваат без виза.

После јапонскиот следува сингапурскиот со 190 дестинации, додека третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот со 189 земји. На четврто место се Италија, финска, Шпанија и Луксембург со 188 дестинации за патување без ограничување, а на петто место се данскиот и австрискиот пасош со 187 земји.

- Advertisement -

Шести по јачина се шведскиот, францускиот, португалскиот, холандскиот и ирскиот пасош со 186 земји во коишто можат да патуваат без виза, а потоа седмото место го делат швајцарскиот, американскиот, британскиот, норвешкиот и белгискиот пасош со 185 земји за патување без виза.

На осмото место се грчкиот, новозеландскиот, малтешкиот и чешкиот пасош со 184 земји, на деветто место се канадскиот и австралискиот со 183 земји, а на десетто место е унгарскиот пасош со 181 земја.

- Advertisement -

Од соседите најдобро е рангиран грчкиот пасош на 8. место со 184 земји во кои се патува без виза, па следуваат бугарскиот пасош на 18. место со 171 земја, хрватскиот пасош на 19. место со кој Хрватите можат да патуваат во 170 земји, српскиот пасош се наоѓа на 40. место со кој се патува во 134 земји, со босанскиот пасош (52. место) може да се патува во 117 земји, албанскиот е на 54. место со 114 земји, косовскиот пасош е на 102. место со 40 земји.

Македонскиот пасош е рангиран на 47. место со 124 земји во кои може да се патува без виза.

- Advertisement -

(Bizlife, Menager.ba)

Сподели!
- Advertisement -