Invisible House е дом прекриен со огледала, дизајниран да личи на облакодер од Њујорк кој е превртен на страна. Куќата е прекриена со рефлективни стакла Solarcool на кои се пресликува околината. Куќата е поставена во пустински предел во Калифорнија.
Invisible House ја дизајнираа архитектот Томас Осински и Крис Хенли, продуцентот од Лос Анџелес кој го продуцираше познатиот филм „American Psycho“. Куќата на површина од 510 квадратни метри, е направена од бетон, челик и калено стакло, а била комплетирана во 2019 година.
Куќата била дизајнирана за проекции на филмови и како кујна за кетеринг. Има четири спални соби и бањи одделени со бели паравани наместо со врати за да се овозможи поглед на пустината. Темата невидливост е забележлива и во мебелеот во внатрешноста како, на пример, рамка за кревет направена од стакло и делумно провиден туш.
Куќата има и ефикасен изолациски систем со комбинација на стиропор Cool Roof и посебно избрана локација на рид со цел да се заштити од сонцето. Има и соларен систем за греење на водата, термална бетонска маса и внатрешен базен долг 30 метри за регулирање на температурата. Дизајнерите направиле биолошко истражување за да ја мапираат локалната флора и фауна пред изградбата. Стаклото кое има ниска емисија на гасови и фотоволтаичните панели на кровот уште повеќе помагаат да се намалат штетните ефекти на оваа градба врз природата.
(Inhabitat)
(фото: )