McDonald’s создаде костими за капење од рециклирани материјали, збогувајќи се со пластичните сламки

- Advertisement -

Филијалата на McDonald’s во Австрија се збогува со пластичните сламки и по тој повод лансираше колекција на костими за капење од рециклирани материјали.

Колекцијата ќе се продава преку веб-сајтот на McDonald’s, а со цел да ја промовира, брендот објави и реклама која прикажува млад вљубен пар кој ужива во топол летен ден, секако облечени во новите костими на McDonald’s.

- Advertisement -

Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Virtue, а зад неа се потпишани и имињата на креативците Тереза Пенцолд и Стефан Хундлингер. Минатата година, McDonald’s имаше слична кампања со модниот бренд Diesel, создавајќи еколошка колекција за Париската модна недела.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -