Научниците ги пресметаа економските последици од корона вирусот

- Advertisement -

Во моментот во светот има околу 12,5 милиони случаи на заразени со корона вирусот и повеќе од 560.000 починати во светот. Освен тие бројки врзани за здравјето на луѓето се анализираат и економските последици, кои според многумина, веќе имаат уште поголемо негативно влијание на нашата планета.

Австралиското истражувачко собрание ARC одлучи да финансира огромна меѓународна студија за влијанието на пандемијата врз глобалната економија, во која се вклучија бројни научници од целиот свет под водство ја Универзитетот на Сиднеј.

- Advertisement -

Студијата објавена во списанието PLOS ONE укажува на тоа дека КОВИД-19 предизвикал штета од дури 3,8 трилиони долари и довел до бројка од 147 милиони невработени луѓе. Добар дел од тие 3,8 трилиони долари отпаѓа на спроведување мерки за спречување на ширењето ан вирусот, како и на економските мерки за помош на компании и поединци на кои им е оневозможена работата.

Секторот кој на светско ниво кој е најмногу погоден од пандемијата е индустријата за транспорт, а големи последици трпат и секторите трговија, туризам, енергија и финансии, особено во Азија, Европа и во САД.

- Advertisement -

Студијата укажува на тоа дека единствената позитивна страна на пандемијата се одразила на околината, па затоа дојде до најголемиот пад на емисијата на стакленички гасови во историјата на човештвото. Околу 2,1 трилион долари се загуби од неисплатување плати, а 536 милијарди долари се загуби настанати поради падот на меѓународната трговија.

Глобалната економкста ситуација и губењето на работните места набрзо ќе се одразат на квантитетот и на квалитетот на извршената работа, како и на ранливите групи вработени како што се мигрантите и неквалификуваните работници кои нема да можат да се прилагодат на работењето во виртуелна работна средина.

- Advertisement -

Покрај тоа, ова ќе го продлабочи и јазот меѓу богатите и сиромашните и би можело да сруши цели системи за здравствена заштита во земјите со поскромни приходи. Што се однесува на животната средина, пандемијата заврши доста добра работа затоа што дојде до намалување на емисијатана стакленички гасови за 2,5 гигатони, односно околу 4,6% од вкупната емисија на гасови во светот. Покрај тоа, забележан е и пад на опасните PM2.5 честички за 2,8% и на сулфур-диоксидот за 2,9%.

Една од авторките на студијата, д-р Арумина Малик, изјави дека ова е нејголемиот економски шок од Големата депресија, кога глобалната економија потона за 15%, додека истовремено најголемиот пад на емисијата на стакленички гасови во историјата доведе до значително намалување на бројот на смртни случаи поради загаден воздух.

Студијата, исто така, покажа дека поради пандемијата 3 милијарди луѓе мораа да останат дома, од кои над 1 милијарда луѓе завршија во изолација во Индија. За потребите на студијата истражувачите користеле податоци од 38 светски региони 26 индустриски сектори, кои на различни начини трпеа економски последици. Што се однесува на точноста на резултатите од студијата, потпретседателот на совето на Универзитетот во Сиднеј, д-р Мајкл Спенс, вели дека нивната работа овозможила т.н. колаборативна foot print платформа која ја основале пред десет години, а денес им овозможува брзо и прецизно симулирање на светската економија за да се види како општеството и околината влијаат на нашата потрошувачка.

Истражувањето е спроведено во глобална MRIO лабораторија во облак, каде што се собирале сите податоци од меѓународната соработка, што потоа овозможило со компјутерски модел да се дојде до овие бројки, кои според научниците се многу прецизни.

(Vidi.hr, Plos One)

(фото: NeedPix)

Сподели!
- Advertisement -