Германската компанија CureVac доби заем од 75 милиони евра за производство на вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Германската биотехнолошка компанија CureVac, која развива вакцина против корона вирусот, доби заем од Европската инвестициска банка во вредност од 75 милиони ерва за да ги прошири капацитетите за производство на вакцината. ЕИБ средствата ќе ги одобрува во три транши по 25 милиони евра после завршувањето на однапред дефинираните клучни фази во развојот на вакцината.

Од CureVac порачаа дека одобрениот заем ќе им помогне при инвестирањето во технологија за развој на вакцина која ја базираат на РНК (мРНК) и изградба на уште еден производен погон во Тубинген, Германија.

- Advertisement -

„Задоволни сме поради овие средства кои доаѓаат од ЕИБ. Станува збор за смртоносна болест. Интензивно работиме на вакцина која во мали дози ќе биде безбедна и ефективна, а првата фаза од клиничките тестирања на CVnCoV тукушто започна. Исто така, се радуваме на завршувањето на изградбата на нашиот погон за масовно производство за да се овозможи снабдување со вакцините“ изјавија од CureVac.

Компанијата CureVac во јуни од германската влада доби 300 милиони евра кои треба да помогнат во развојот на вакцината против корона вирусот. Со тоа германската влада стана сопственик на 23% удел во компанијата. Компанијата во Белгија и во Германија почна со првата фаза од клиничките тестирања на иновативната вакцина против корона вирусот, а првите резултати треба да бидат познати во септември, односно во октомври.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: CureVac)

Сподели!
- Advertisement -