Компанијата твитна „ќе добиете опција за изменување на твитовите кога сите ќе почнат да носат маски“. Ова е еден вид на одговор за дебатата која моментално се вжештува во САД, односно дали луѓето треба да ги носат маските во јавност.
Во став истакнат на почетокот на оваа година, Џек Дорси, одговорното лице за „Твитер“ изјави дека компанијата најверојатно никогаш нема да ја воведе таа опција.
Голем број од твитерџиите се уште ја бараат ваквата опција за да можат да ги поправат печатните грешки и скршените линкови. Доколку се овозможи опција за измена на веќе објавените твитови, постои загриженост за ширење на дезинформации и лажни вести.
Компанијата пред скоро време ја воведе опцијата за гласовни твитови и препорача корисниците да ги читаат целите објави пред да ги споделат.
Извор: Independent, Радио МОФ