Ова се највредните брендови во светот за 2020 година

- Advertisement -

Меѓу првите 10 највредни брендови во светот има само еден бренд кој не е од технолошката индустрија. Најновата BrandZ листа на највредните брендови во светот го потврдува само она што се знае со години. Технолошките компании се убедливи победници и рекордери.

На оваа листа, која ја објавува најголемата светска комуникациска група WPP и нејзината консултантска компанија Kantar, Amazon го зазеде убедливото прво место со проценета вредност од речиси 416 милијарди долари. Исто како и минатата година, следува Apple со 352 милијарди долари.

- Advertisement -

Оваа година Microsoft и Google си ги разменија местата. Microsoft е на третото место со 326,5 милијарди долари, додека Google е на 4-то место со бренд вреден 323,6 милијарди долари.

Следат Visa со вредност од речиси 187 милијарди долари, кинеска Alibaba Group со 152,5 милијарди долари, кинески Tencent со речиси 151 милијарди долари, потоа Facebook со „само“ 147 милијарди долари вреден бренд.

- Advertisement -

Меѓу првите 10 највредни брендови се најде само еден бренд што не е од технолошката индустрија – McDonald’s со вредност од речиси 130 милијарди долари.

Колку овие брендови се пред сите други, можеби најдобро е илустрирано со фактот што Netflix е дури на 26-то место со бренд вреден нешто помалку од 46 милијарди долари, а Instagram се наоѓа на 29-то со 41,5 милијарди долари.

- Advertisement -

Иако е меѓу најпопуларните апликации ширум светот, TikTok како бренд не е толку вреден. За прв пат, тој е вклучен на листата Топ 100 брендови и тоа на 79-то место, со вредност од речиси 17 милијарди долари.

Авторите на листата посочуваат дека вредноста на брендовите се зголемила за дури 277 милијарди долари во однос на минатата година и вкупно изнесува 5 милијарди долари.

(marketing365)

(фото: Kantar)

Сподели!
- Advertisement -