Фабриките работат со намален капацитет поради намалената побарувачка

- Advertisement -

Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија во јуни годинава се со намален индикатор за 0,8 процентни поени во однос на мај годинава, а во однос на јуни лани за 9,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според обајвените податоци, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2020 година изнесува 12,2.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2020, во однос на мај 2020 година, според раководителите, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

- Advertisement -

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на јуни 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2020 година изнесува 65,5 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 20,6 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 17 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,5 отсто и недоволната домашна побарувачка со 13,1 отсто.

Сподели!
- Advertisement -