2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Кавита Капур: Сите основни училишта во земјaва ќе добијат „Микро:бит“ уреди за кодирање

Kabtel desktop

Уредот Микро:бит на Би-би-си е рачен и програмабилен микро-уред за кодирање којшто може да се употреби за создавање разни супер креации – од роботи до музички инструменти – можностите кои ги нуди се неограничени.  Училишта на 21-от век за земјите од Западен Балкан е најновата програма со која во рок од 3 години, речиси милион ученици на возраст од 10-15 години ќе научат да кодираат на уредот Микро:бит. Програмата ја финансира Владата на Обединетото Кралство, а одговорен за нејзиното составување и спроведување е Британски совет. Ова е повод за интервју со Кавита Капур, главен оперативен директор на Образовната фондација Микро бит.

Програмата „Училишта од 21 век за Западен Балкан“ беше лансирана вчера во Скопје. На кој начин Micro bit Educational Foundation е вклучена во програмата?

Веќе две години учествуваме во програмата. Не повикаа да бидеме дел од пилот-проектот и да обезбедиме микро-битови од Фондацијата за проектот. Британскиот Совет и британската влада беа многу возбудени за тоа. Го направивме тоа тука, во Западен Балкан, и дојдов да ги запознаам децата од сите шест земји кои учествуваа во пилот-проектот со нивните нови уреди. Беше навистина интересно.

Може да ни кажете нешто повече за Micro bit Educational Foundation?

 Micro bit Educational Foundation е создадена од страна на BBC и и повеќе други основачки партнери, вклучувајќи го и Британскиот совет. Тие заедно предложија дека треба да го донесеме BBC micro bit не само до сите 11-годишни деца во Обединетото Кралство, туку до целиот свет затоа што многу земји во светот сакаат да го направат истото што го направивме ние – да ги едуцираат младите луѓе кои се заинтересирани за кодирање и други вештини од 21 век.

Програмата се имплементира со помош на микрo бит уреди, уреди кои ќе бидат обезбедни за сите ученици од основните училишта во Македонија. Можете ли да објасните во повеќе детали каков уред е микро бит и што може да се прави со него?

Со еден микро контролер може да правите што сакате . Микро контролерите се насекаде. Се вели дека во иднина можеби ќе има до 1.000 микро контролери за еден човек, па навистина мора да знаеме како работат. Во моментот ги имаме на нашите мобилни телефони, на компјутерите итн., но со тек на време ќе ги има на нашата облека, на чевлите и речиси на се што носиме. Овој микро контролер е измислен да обезбеди вештини за кодирање. Го направи образовен тим, а не инженерски, за да се покаже колку е лесно да се креира код, да се стави на компјутер и да стане независен. Се што можете да замислите можете да го направите со овој уред.

[quote]Ова мал, џебен уред ги поттикнува учениците да ги развиваат нивните вештини за кодирање и програмирање, со цел да ги подготви за денешниот технолошки напреден свет.[/quote]

Тој содржи 25 ЛЕД-диоди, вграден компас и USB конектор. Учениците треба да го поврзат уредот Микро:бит со компјутер за да кодираат и да додаваат линии на код со кои ќе го создадат посакуваниот уред. Најголемата придобивка од учењето со уредот Микро:бит е тоа што учениците учат како да размислуваат, чекор по чекор, и како да ги поделат командите во последователни чекори.

Учениците во основните училиште немаат големо познавање од техника. Според Вашето претходно искуство, дали ситуацијата е поинаква во Обединетото Кралство?

Се уште имаме мал процент на луѓе кои се вклучени во технолошката индустрија и тоа е реалноста во целиот свет. Има недостиг на обучен кадар во Обединетото Кралство, но и во светот. Она што го слушнав за Западен Балкан, особено за Македонија, е дека има голем интерес, а тоа е доволно за почеток. Мора да има интерес и од владата и од населението, па да се прифати дека техничките вештини се потребни за се. Ако сакате да бидете ѕвезда на Youtube денес, мора да знаете алгоритми, мора да имате основни вештини за кодирање и да знаете како да го најдете последното поп видео и да имате познавања за рангирање. Тоа е само една индустрија. И за да бидете молекуларен биолог мора имате познавања од технологијата.

[quote]

ШТО ВЕЛАТ УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ

  • 90% од учениците изјавија дека уредот Микро:бит им докажа дека секој може да кодира.
  • 86% од учениците изјавија дека благодарение на уредот Микро:бит часовите по информатика им се многу поинтересни.
  • 70% повеќе девојчиња рекоа дека би го избрале предметот информатика откако кодираа со уредот Микро:бит.
  • 85% од наставниците го делат ставот дека употребата на уредот придонесе учениците да уживаат на часовите по информатика.
  • Половина од наставниците кои го користеа уредот Микро:бит изјавија дека се чувствуваат посамоуверени додека предаваат – особено наставниците на кои им недостасуваше самодоверба да го предаваат предметот информатика.

[/quote]

Какви резултати дава примената на микро битотот во образовниот процес на глобално ниво?

Примената на микро митовите дефинитивно ја поттикнува соработката меѓу учениците. За да се кодира успешно децата со различни вештини треба да соработуваат и да споделуваат знаење. Не се натпреваруваат едни со други, туку заедно работат и споделуваат. Тоа е неверојатно. Другата работа се наставниците. Повеќето од наставниците со кои работиме исто така ги развиваат своите технолошки вештини. Многу од нив се занимаваат со предмети каде што се се запишува и се научени се да меморираат без да внесуваат креативност. Според некои од истражувањата кои ги направивме во земјите од Западен Балкан и во светот, микро битовите ги поттикнуваат наставниците и учениците да учат во исто време.

Кога зборуваме за ИТ образованието, што треба да се направи на глобално ниво за да се елиминира меѓу-генерацискиот јаз?

Тоа е добро прашање. Работевме на програми на различни места како Сингапур или Хрватска, каде што дедовците и бабите ги учат своите внуци, но и внуците ги учат постарите. Навистина го сакам тоj аспект на програмата, но основната база за програмата е наставниците да ги добијат потребните вештини. Ги имаме најдобрите образовни програми и тоа најмногу ме возбудува кај Македонија. Слушам дека луѓето тука се грижат сите во училиштата да знаат како може да се имплементираат тие вештини, не само за учениците, туку и за образовниот кадар. Тоа е ново и навистина иновативно.

Имате доста искуство работејќи на различни проекти врзани за ИТ технологии во целиот свет. Што мислите ќе се случи во иднина на тоа поле?

Во минатото зборувавме дека околу 70% од учениците кои денес учат имаат потреба да научат вештини кои уште не се измислени. Во текот на мојата кариера бев на работни позиции кои не знаев дека постојат. И моите родители не знаеја дека постојат кога бев тинејџер. Има и друг битен процес. Не се работи само за менување на работните места туку и каде ќе бидат тие работни места. Со оглед на климатските и политичките промени во светот, се е можно. Мислам дека сите промени кои се случуваат во светот се поврзани меѓусебе. Јас работам за оваа фондација затоа што замислувам иднина во која сме обединети како човештво. Децата од целиот свет еден ден ќе станат лидери и ќе им требаат вештини за да работат заедно. Не е битно каде се наоѓате во светот, вашиот глас мора да се слушне за да се направат потребните промени!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •