Нов германски експеримент – 4.000 здрави луѓе ќе одат на концерт за да се види опасноста од ширење на короната

- Advertisement -

Германски истражувачи бараат 4.000 волонтери кои ќе одат на поп концерт со цел да утврдат колкав е ризикот од пренесување на корона вирусот. Сите учесници ќе мора да бидат негативни на тестот пред да учестуваат во истражувањето.

Како што Германија размислува за враќање на публиката на стадионите, тим од медицински истражувачи го организира експериментот со илјадници волонтери на концерт. На нивната веб-страница тимот истражувачи предупредува на опасностите од пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

„Мора да се носат тешки одлуки за да се избегнат овие опасности“ велат научниците. Истовремено, тие предупредуваат дека тековната забрана за групирање во голем број претставува егзистенцијална закана за многу спортисти и уметници, кои зависат од публиката за да заработат.

Научниците се надеваат дека ќе успеат да регрутираат 4.000 учесници кои на 22 август ќе слушаат концерт на Арената Лајпциг. Волонтерите, на возраст од 18 до 50 години, мора претходно да биле тестирани за корона вирусот и да имаат негативен тест. Музиката што ќе ја слушаат ќе ја изведува поп пејачот Тим Бенџко.

- Advertisement -

Истражувачите ќе им обезбедат маски со FFP2 филтер за да ја намалат опасноста од инфекција. Исто така, ќе им дадат флуоресцентно средство за дезинфекција кое на научниците ќе им овозможи да видат точно кои површини најчесто ги допира публиката. Најбитно од се, волонтерите ќе носат уред кој ќе ги следи нивните движења и растојанието еден од друг. Според истражувачите, најтешко ќе биде проценката на податоците затоа што ќе мора да се мерат контактите со сите други учесници во радиус од 30 метри на секои 5 секунди во текот на целиот ден.

Организаторите планираат да постават три сценарија. Првото каде што сите никој не е на безбедно растојание, второто каде што се користат средствата за хигиена, а последното каде што волонтерите се на растоание од 1,5 метри. Истражувачите се надеваат дека оваа студија ќе им помогне да смислат математички модел за избегнување на масовно ширење на зарази на настани со многу учесници.

- Advertisement -

(Deutsche Welle)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -