Вакцината за корона вирусот која ја разви Универзитетот Оксфорд е безбедна и поттикнува имунолошки одговор

- Advertisement -

Вакцината за корона вирусот која ја развија на Унивверзитетот Оксфорд е безбедна и поттикнува имунолошка реакција. Во тестирањето на вакцината учествувале 1.077 луѓе, а резултатите покажале дека инјекцијата резултира со правење антитела и т-клетки кои се борат против корона вирусот.

Резултатите од тестирањето влеваат надеж, но сепак, се уште е премногу рано да знаеме дали е доволно за да понуди вистинска заштита, па затоа следуваат поопсежни тестирања.

- Advertisement -

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од вакцината. Како функционира оваа вакцина? Вакцината, која го носи името ChAdOx1 nCoV-19, се развива со досега невидена брзина. Направена е од генетски создаден вирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Вирусот е доста модифициран за да не предизвикува инфекции кај луѓето.

Тоа значи дека вакцината личи на корона вирусот и имунолошкиот систем може да научи како да нападне. Голем дел од фокусот досега е поради антителата, кои се само дел од нашата одбрана. Антителата се мали протеини кои ги создава имунолошкиот систем, а се лепат за површината на вирусите.

- Advertisement -

Неутрализирањето на антителата може да го разоружа корона вирусот. Т-клетките, кои се тип на бели крвни клетки, помагаат да се координира имунолошкиот систем и можат да откријат кои од клетките на телото се инфицирани и кои треба да се уништат. Речиси сите ефективни вакцини вклучуваат антитела и реакција на т-клетките. Нивоата на т-клетките биле највисоки 14 дена после вакцинацијата, а на антителата 28 дена по вакцинацијата.

Истражувањето не траело доволно долго за да се утврди колку долго ќе се задржат во организмот. Професор Ендрју Полард од истражувачката група од Оксфорд изјави дека се задоволни со резултатите и веруваат дека одговорот на телото се поврзува со заштитата. Но, вели тој, она што секој сака да знае е дали вакцината функционира или не, а тоа е игра на чекање.

- Advertisement -

Истражувањето покажало дека 90% од луѓето развиле неутрализирачки антитела после само една доза. На само десетмина им биле дадени две дози. Не е познато колкава количина е потребна за ефективна заштита, но максимални резултати биле постигнати со втората доза, велат истражувачите.

Тие велат дека вакцината е безбедна, но може да се појават несакани ефекти – кај 70% од учесниците во истражувањетo се појавила треска или главоболка. Како што велат тие, тие несакани ефекти може да се менаџираат со парацетамол.

Студијата не може да покаже дали вакцинаа може да спречи луѓето да се разболат или да ги олесни симптомите на КОВИД-19. Повеќе од 10.000 луѓе ќе учестуваат во следната фаза од тестирањата во Велика Британија. Сепак, истражувањето ќе се прошири на други земји затоа што сега нема толку новозаболени од корона вирусот во Велика Британија. Во САД ќе има истражување на 30.000 луѓе, на 2.000 во Јужна Африка и на 5.000 во Бразил.

(BBC)

(Фото – Health.mil)

Сподели!
- Advertisement -