Русија успешно го тестираше првиот 3Д печатен авионски мотор

- Advertisement -

Авионскиот мотор MGTD-20 од руско производство е целосно 3Д испечатен пропелерски авионски мотор, а Русија само што го напрви првото успешно тестирање во лет. Тоа го објавија на конференција за медиуми од руското здружение за напредни истражувачки проекти во воената индустрија. Истовремено го најавија и почетокот на масовното производство на 3Д печатениот мотор за 2021-2022 година.

Тест-летови на моторот биле направени во воздухопловниот центар Казанбаш во Татарстан. Во декември 2019 година истото здружение извести за успешно тестирање на минијатурна верзија на авионскиот мотор направен со користење на технологија за 3Д печатење.

- Advertisement -

(Sputnik, Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -