Ангеловска: Со домашните платежни картички потрошени 17,7 милиони евра

- Advertisement -

Со домашните платежни картички што ги добија над 276 илјади граѓани, заклучно со 18 јули се направени над 1,2 милиони транскации, од кои најголем дел се во маркети (89%), ресторани и храна (5%) и за текстил, облека и обувки (3%), објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18 јули e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.

- Advertisement -

„Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност, придонесува за безготовинско плаќање“, пишува Ангеловска, појаснувајќи дека банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.

Сподели!
- Advertisement -