БалКанес (BalCannes) и понатаму е заедно со агенциите и регионалната комуникациска индустрија дури и во вонредни околности – пријавите се значајно поедноставени и бесплатни за сите, со надоместок за партиципација само за 25. најдобри проекти во рамки на БалКанес
Загреб, 23. јули, 2020 година – Повторно постои единствена можност за презентација на својата работа пред клиентите од целиот Регион: пријавите за БалКанес (BalCannes) се отворени до 4. септември 2020 година! Во рамки на комуникациската индустрија, и покрај предизвикувачките околности, веќе со месеци успешно преовладува креативноста, иновативноста и вештата комуникација. Затоа, БалКанес одлучи да ги поддржи напорите на индустријата и пред целиот регион да ги претстави најквалитетните агенциски проекти во текот на изминатава година.
Пријавувањето е суштински поедноставено – доволно е да се пополни едноставен образец и заедно со него да се приложи кратко видео (на матичен или англиски јазик, со превод или без – сѐ се зема предвид) претходно користено за проектот. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават бесплатно – со надоместок за партиципација само за 25-те најквалитетни регионални проекти кои ќе бидат одбрани.
И оваа година три жири-комисии, дел од БалКанес, составени од претставници на клиенти, агенции и медиуми, ќе одбираат добитници на девет лавови кои ги покориле законите на комуникациската џунгла и со тоа заслужиле признанија во следните категории: Најдобра БалКанес Агенција; Најдобар БалКанес проект; Посебна награда од жирито составено од претставници на Клиенти; Посебна награда од жирито составено од претставници од Агенции; Посебна награда од жирито составено од претставници на Новинари; Најдобар проект наменет за странски пазар, Најдобар регионален проект, Награда за храброст на Клиентот и Нова Нормала – вонредна награда во вонредни околности.
Мали проекти или големи кампањи; домашни проектни, но и оние наменети за странски пазари; пред корона или во новата нормала – сѐ додека се реализирани во период од 01.05.2019 до 04.09.2020 – можете да ги пријавите на БалКанес и со нив да се претставите пред клиентите од дури 8 земји, ширејќи го добриот глас за својата агенција.
Најдобрата покана за овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) е фактот дека од година во година во Ровињ се собираат се поголем број Клиенти. Затоа, бидете и вие дел од овој фестивал наменет за комуникациската индустрија и понесете со вас добра волја – единственото нешто кое Викенд Медиа Фестивал го бара од вас. Во случај на вонредни околности, ревијата БалКанес, која и оваа година е поддржана од Хрватската Стопанска Комора, ќе се одржи онлајн, со веќе потврдени фантастични услови – каде од своите домови ќе може да ја следи буквално цел регион!