Барбадос дозволи луѓе да се преселат таму и да работат на далечина една година

- Advertisement -

Годинава можете да живеете и да работите од еден од тропските раеви на Земјата. Имено, Барбадос официјално ја лансираше новата програма Barbados Welcome Stamp, која трае 12 месеци и на работниците од светот им овозможува да добијат виза и да живеат и да работат од оваа карипска земја во текот на максимум една година.

Апликантите мора да пополнат пријава и некои документи како копија од пасошот и извод од матична книга на родени. Една индивидуална виза чини 2.000 долари, а семејниот пакет чини 3.000 долари. Добитниците на виза нема да мора да го плаќаат данокот на доход на Барбадос.

- Advertisement -

Оваа карипска земја сега прифаќа апликации за оваа нова виза. Со оглед на тоа дека најголем дел од светот е затворен и отсечен од другите, па не можеме да одиме на одмор поради пандемијата на корона вирусот, оваа нова иницијатива на Барбадос им овозможува на луѓето да се преселат на оваа популарна туристичка дестинација.

Како што изјавија од локалните власти, работната средина на Барбадос ви овозможува да завршите секаква работа. Интернетот во земјата е најбрзиот оптички интернет на Карибите, а освен тоа има и повеќе флексибилни локации за канцеларии. Исто така, Барбадос има одлична здравствена заштита и добри училишта за сите кои со себе сакаат да ги понесат и семејствата.

- Advertisement -

Тие што се заинтересирани мора да испратат фотографија со големина за пасош и копија од пасошот, како и извод од матичната книга на родените за сите членови на семејството постари од 18 години. Исто така, мора да наведат кои други членови на семејството ќе одат на Барбадос со нив, како и доказ за врската со нив (доказ за брак, за раѓање, посвојување итн.).

Според соопштението на веб-страницата, луѓето кои доаѓаат од земји со голем ризик, односно со над 10.000 нови случаи во последните седум дена, мора да направат тест за КОВИД-19 најдоцна 72 часа пред да појдат таму. Луѓето кои доаѓаат од места каде што имало помалку од 100 случаи во последните седум дена, можат да се тестираат најдоцна една недела пред патувањето.

- Advertisement -

Барбадос досега има 106 потврдени случаи на КОВИД-19 и седум потврдени смртни случаи.

(Business Insider)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -