Научници открија кои растенија најлесно би преживеале на Месечината

- Advertisement -

Ако сакаме да населиме некоја друга планета, ќе мора таму да одгледуваме и храна. Токму тој проблем го истражуваат научници од НАСА, кои се уште се обидуваат да пронајдат практично решение.

Иако астронаутите од Меѓународната вселенска станица во неколку наврати се обидуваа да докажат дека може да се одгледуваат билки во услови без гравитација, одгледувањето билки на друга планета, која има друга атмосфера, почва и гравитација, е нешто сосема поинакво.

- Advertisement -

Во текот на работата од дома, групата научници кои ја проучуваат почвата на Месечината дошле на идеја за симулираат одгледување билки на таа планета. Меѓу стотиците билки кои се јадат и кои се достапни на Земјата научниците за нивните експерименти избрале ротквички. Зошто? Затоа што брзо растат, а и веќе се тестирани во вселенски услови.

Научникот Макс Колман ја презел на себе одговорната задача да одгледува ротквици на „Месечината“. Тој и неговиот тим одлучиле да ги симулираат физичките и хемиските услови какви што би имало на Месечината во нивните кујни.

- Advertisement -

Со оглед на ограничените средства почвата на Месечината ја замениле со пустински песок. Колман пробал неколку различни услови во кои се обидел да изрти семе на ротквички, кои биле тестирани и во услови со најмалку влага. Тој и колегите биле одушевени од тоа што го откриле, но додаваат дека не е возможно целосно да се имитираат условите коишто владеат на Месечината.

Не можеме на Земјата да тестираме во совршени услови какви што има на Месечината, но се трудиме да направиме што повеќе. Тогаш ќе докажеме дека тоа навистина функционира и на Месечината“ вели Колман.

- Advertisement -

(NASA, Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -