ММФ: Жените се економски пoизложени на последиците од пандемијата

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот би можела да го загрози напредокот на жените остварен во текот на претходните три децении во намалувањето на економскиот јаз меѓу половите, предупредува Меѓународниот монетарен фонд.

Економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погодува жените отколку мажите бидејќи тие се повеќе застапени во тешко погодените сектори – услужниот, малопродажбата, туризмот и хотелиерството.

- Advertisement -

„Во САД помеѓу април и јуни невработеноста на жените била за 2% поголема отколку невработеноста на мажите“ вели извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.

Поради природата на работата, работењето од дома не е опција за многу жени. Податоците покажуваат дека тоа е случај кај 54% од жените во САД и 67% од жените во Бразил. Освен тоа, жените работат повеќе неплатени домаѓни работи отколку мажите – околу 2,7 часа дневно – покажуваат проценките на ММФ.

- Advertisement -

„Жените презедоа поголеми семејни обврски кои се последица на мерките за изолација како што е затворањето на училиштата“ велат од ММФ.

После укинувањето на рестриктивните мерки, на жените им треба повеќе време да добијат работа, додаваат од ММФ, а девојките во многу земки во развој морале да го напуштат образованието и да почнат да работат за да ги дополнат домашните буџети.

- Advertisement -

Сепак, добро осмислената политика на пoттикнување на закрепнувањето може да ги ублажи негативните последици од кризата врз жените, велат авторите на извештајот и ги истакнуваат добрите иницијативи во Австрија, Италија, Португалија и во Словенија, каде што се воведени права на делумно платен попуст за родителите со деца под одредена возраст.

(SEEBiz.eu)

Сподели!
- Advertisement -