Gorenje на кинескиот пазар ќе се продава под брендот Gu Luo Ni

- Advertisement -

Gorenje го зајакнува присуството на кинескиот пазар, каде што годинашната прослава на 70-годишнината од компанијата беше искористена и како прилика за претставување на брендот и неговите клучни предности пред кинеските потрошувачи. Gorenje на кинескиот пазар ќе се продава како марка за премиум производи Gu Luo Ni.

Hisense Gorenje го прилагоди името на изговорот и разбирањето на кинеските потрошувачи, како што е и вообичаено за странските брендови во Кина.

- Advertisement -

„Со желба да ја претставиме марката пред кинеските потрошувачи на нивен јазик воведовме нивна фонетска интерпретација на името Gorenje“ објавија од компанијата.

Позиционирањето на Gorenje на кинескиот пазар ќе биде поддржани од бројни активности за апаратите за домаќинство на Gorenje да се приближат до што поголем број кинески семејства. Една од тие активности беше и прославата на 70-годишнината на Gorenjе која се одржа во Пекинг.

- Advertisement -

(SEEBiz)

(фото: Gorenje)

Сподели!
- Advertisement -