ВИДЕО: Sony почна да го продава преносниот клима уред Reon Pocket

- Advertisement -

Sony направи преносен клима уред. Неговата употреба е многу едноставна и ефикасна. Овој необичен клима уред се става под вратот. Може да се поврзе преку Bluetooth со паметен телефон. Со тоа на корисникот му се овозможува контрола над уредот, пишува порталот The Verge.

Меѓу другото, со мобилниот телефон може да се прилагодува температурата на клима уредот. Со едно полнење на батеријата клима уредот на Sony може да работи два до три часа. Трајноста на батеријата зависи од поставките за работа кои ги подесува корисникот.

- Advertisement -

Тежок е само 80 грама и речиси е незабележителен кога ќе се стави под некое парче облека. Може да се носи и во џеб. Од Sony тврдат дека температурата на површината на телото со овој клима уред може да се намали за 13 степени Целзиусови.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -