Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.07.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќќе изнесува 26,060 ден/кг.

Од 28.07.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            59,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             61,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       53,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               53,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,060 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 0,82%, кај дизелот 2,47%, кај екстра лесното масло 2,79%  и кај мазутот 0,688% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 20.07.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,860 0,966
Австрија 1,031 1,059
Бугарија 0,918 0,908
Хрватска 1,171 1,219
Германија 1,085 1,290
Грција 1,157 1,430
Италија 1,291 1,405
Унгарија 1,091 1,060
Словенија 1,002 1,003
Сподели!
- Advertisement -