Австријците тврдат: Секој втор жител на Балканот е заразен со корона вирус

- Advertisement -

Франц Алербергер, шеф на Одделот за човечка медицина на австриската агенција за безбедност на храна (АГЕС), проценува дека стапката на зараза со коронавирус во земјите на Западен Балкан е 50 отсто.

Алербергер, како што изјави за виенскиот неделник Profil, смета дека заразата на Балканот е десет пати поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.

- Advertisement -

„Локалното население во Вухан или Ишгл ја имаше таа стапка на зараза“, изјави тој, потсетувајќи дека во австрискиот ски-центар Ишгл, кој беше европско жариште на почетокот на пандемијата, според серолошките тестови стапката на инфекција беше на ниво од 43 проценти.

Инаку, Австрија ги стави државите од Западен Балкан на списокот на високо ризични земји во однос на заразата со коронавирус.

- Advertisement -

(denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -