Скоро сите кои аплицирале за виза во САД ќе мора да ги достават нивните информации од социјалните мрежи, според новите усвоени правила, објави Би-Би-Си.

Во прописите на Стејт Департментот се вели дека луѓето ќе треба да ги достават имињата од социјалните мрежи, телефонските броеви и електронските адреси.

Властите процениле дека ваквиот предлог ќе влијае на 14.7 милиони луѓе годишно.

- Advertisement -

Одредени дипломати или функционери ќе бидат ослободени од прописите. Меѓутоа, луѓето што патуваат во САД за работа или да студираат ќе мораат да се придржат на овие прописи.

„Постојано работиме на изнаоѓање механизми за подобрување на скрининг процесите, со цел да ги заштитиме американските граѓани, притоа поддржувајќи го законското патување во САД“, соопштија од Стејт Департментот.

- Advertisement -

Претходно, ваков тип на информации требаше да предадат луѓето кои живееле во одредени места во светот контролирани од терористички групи.

Администрацијата на Трамп овие прописи за прв пат ги предложи во март, 2018 година.

- Advertisement -

Во меѓувреме, од „Американската унија за граѓански слободи“ велат „нема докази дека мониторингот на социјалните мрежи е ефикасна или фер мерка“ и дека тоа ќе предизвика луѓето да се самоцензурираат на интернет.