Почнува тестирањето на луѓе на вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Американски и британски научници можеби ќе бидат заслужни за едно од најбитните откритија во медицината – вакцината против корона вирусот. Клиничките испитувања влегоа во последната фаза.

Последната фаза од истражувањето на безбедноста и ефективноста на вакцината за корона вирусот во САД почна вчера, потврдуваат националните институти за здравје и биотехнолошката компанија Moderna, кои соработуваа на развојот на вакцината.

- Advertisement -

„Ова е навистина битно. Досега бевме пасивни, носевме маски, држевме растојание меѓусебе и избегнувавме да излегуваме ако не е потребно. По прв пат стануваме активни во сето тоа“ го најави тестирањето на луѓе д-р Френк Едер.

Вакцината ќе се тестира на 30.000 возрасни луѓе кои немаат респираторна болест. Во текот на испитувањето ќе се споредува бројот на новозаразени меѓу луѓето кои ја примиле новата вакцина и меѓу оние кои добиле плацебо. Половина од учесниците ќе добијат две дози од вакцината на растојание од 28 дена, а половина ќе добијат две дози плацебо од солен раствор.

- Advertisement -

Научниците се надеваат дека откако ќе ја претстават вакцината пред голем број луѓе, ќе можат да ја утврдат нејзината ефикасност. Нагласуваат дека уште не можат да гарантираат дека експерименталната вакцина навистина ќе штити од корона вирусот. Се очекува дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на идната година.

Кога ќе пристигне во комерцијална употреба, први на ред за примање на вакцината се здравствените работници, односно медицинските сестри. Се проценува дека повеќе од 1,5 милиони здравствени работници во светот се заразиле со корона вирусот. Ако не ги заштитиме нив, не се штитиме ни самите себе затоа што без медицински сестри не можеме да го победиме КОВИД-19.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, NYT)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -