Рекордни високи температури измерени на северот на Норвешка

- Advertisement -

Свалбард, норвешки архипелаг на Арктикот, во саботата го надмина рекордот на температурата достигнувајќи 22 степени Целзиусови, објави норвешкиот метеоролошки институт. Со 21,7 степени измерени во 18 часот по локално време близу местото Лонгјирбајен, архипелагот го имаше најтоплиот ден од почетокот на мерењето.

Претходниот рекорд го достигнал на 16 јули 1979 година, кога биле измерени 21,3 степени, вели метеорологот Кристем Гислфос. Групата острови познати како Спицберг се наоѓа илјада километри од Северниот пол.

- Advertisement -

Саботниот температурен рекорд, кој би требало да потрае до понеделник, е далеку над вообичаените температури за ова годишно време. Во јули, кој е најтоплиот месец на Арктикот, температурите на Свалбард се движат од 5 до 8 степени Целзиусови.

Арктикот се загрева двапати побрзо од остатокот од планетата, велат научниците. Летото 2020 година го одбележаа горештини и во рускиот Арктик – температури за 5 степени Целзиусови над нормалата во јули во Сибир и максимумот од 38 степени Целзиусови во арктичкиот круг.

- Advertisement -

Според официјалниот норвешки извештај, „Климата во Свалбард 2100“, просечната температура на Свалбард за периодот од 2070 до 20100 година би требало да порасне од 7 до 10 степени во однос на периодот 1970 до 2000 година, ако продолжи човечкото влијание на климата.

Познат по своите поларни мечки, архипелагот Свалбард има и една посебна карактеристика. Таму е сместена и банката во која се чуваат семиња за иднина во случај на катаклизма, „Вегетациска Ноева арка“. Тој „растителен сеф“ кој е осмислен против климатските промени и самиот е жртва на глобалното загревање. Мораше да се инвестираат 20 милиони евра за да се санира затоа што во него во 2016 година продреа води предизвикани од топењето на пермафрост, односно постојано замрзнатото тло во арктичкиот регион.

- Advertisement -

Фото- Pixabay

Сподели!
- Advertisement -