ЕЦБ побара од банките да не исплаќаат дивиденди до 1 јануари следната година

- Advertisement -

Банките во еврозоната треба да ја одложат исплатата на дивиденди и за откуп на акции до 1 јануари следната година, советува Европската централна банка (ЕЦБ), јави ДПА. Се надева дека ова ќе ја зајакне способноста на кредиторите да ги „преземат“ загубите за време на пандемијата на коронавирусот,  а со зголемување на капиталот да може заеми да им даваат на приватни потрошувачи и бизниси.

Создавањето силен капитал и ликвидост од последната финансиска криза им овозможи на банките за време на оваа криза да продолжат со кредитирање на домаќинствата и бизнисите и со тоа да помогнат во стабилизирање на реалната економија. Сега е уште поважно банките да се охрабрат да го користат својот капитал и ликвидност и да продолжат да се фокусираат на оваа сеопфатна задача – заеми, изјави Андреа Енрија, претседател на надзорниот одбор на ЕЦБ.

- Advertisement -

ДПА појаснува дека  ЕЦБ досега од банките бараше да се воздржат од плаќање на дивиденда на акционерите до 1 октомври. Многу банки одговорија со откажување на планираната распределба на добивката за финансиската 2019 година или барем ја намалија.

Сподели!
- Advertisement -