До следната есен ќе биде готов трговскиот центар „Ист гејт мол“- доаѓаат нови светски брендови

- Advertisement -


Во периодот од септември до ноември 2021 година во Скопје ќе биде отворен „Источна порта“-„Ист гејт мол“ третиот по големина шопинг мол кој ќе има дваесетина светски модни брендови кои за првпат ќе се најдат на македонскиот пазар и најголемата „Зара“ во регионот. 

Комплексот се гради на просторот на некогашниот Скопски саем.  Вкупната изградена површина изнесува над 500.000 метри квадратни. Покрај шопинг молот, центарот ќе се состои и од премиум деловни објекти, резиденцијален комплекс и зелени површини. Предвидени се околу 2.500 нови вработувања. 

- Advertisement -

Вкупната инвестиција изнесува 103 милиони евра, од кои денес беа обезбедени 72 милиони евра преку синдициран заем кој беше потпишан од страна на домашни и странски банки со кои се заокружува финансиската конструкција.Ова е досега најголем ваков заем во нашата земја, а го потпишаа НЛБ Банка АД Скопје како лидер на заемот и банките учесници НЛБ д.д. Љубљана, Комерцијална банка АД Скопје, Raiffeisen Bank Албанија и Халк банка АД Скопје, а корисник на заемот е „Ист гејт мол“ односно групацијата „Балфин“ која е инвеститор на проектот.

Со синдицираниот заем се обезбедени 38,5 милиони евра од НЛБ групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ банка – Скопје, 18,5 милиони евра од Комерцијална банка Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen Bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка – Скопје.

- Advertisement -

Со овој договор покажуваме дека заеднички можеме да поддржиме  и да реализираме големи развојни проекти и во ситуација како оваа предизвикана од корона вирусот, рече Антонио Аргир од НЛБ банка.  Тој додаде дека ова е еден од најголемите проекти што се финансирани во Македонија и дека претставува чест, но и одговорност што НЛБ банка – Скопје за прв пат се јавува во функција на лидер на синдициран заем, каде што има двојна улога-покрај обезбедувањето на средствата и како банка која е носител на активностите поврзани со организација и управување со целокупната финансиска конструкција.

Генералниот директор на Комерцијална банка Хари Костовв, рече дека банката веќе има позитивно искуство со групацијата „Балфин“ со финансирањето на „Скопје сити мол“ и со која се заедно акционери вво Тиранска банка. Тој нагласи дека е многу значајно што во сегашните услови не само што не се откажала од проектот и не го ставила во мирување, туку е цврсто решена да ги интензивира работите и неговата реализација што е од значење и за целокупната македонска економија.

- Advertisement -

Инвестицијата за која денес го заокружуваме финансирањето, со своите 158 илјади  метри бруто изградена површина и 57 илјади метри нето површина за изнајмување, регионално гледано е најголемиот трговски центар, изземајќи ги „Белград на вода“ и „Парадајз“ во Софија. Се проектира да има 12 милиони посетитеели годишно, а закупците да остваруваат промет од 120 милиони евра“, рече Игор Давков, генерален извршен директор на „Ист гејт“. 

(in-store.mk)

Сподели!
- Advertisement -