Аргентина почна да тестира потенцијален лек против корона вирусот направен од коњски серум

- Advertisement -

Аргентина почна со клинички испитувања за лекување на корона вирусот и болеста која ја предизвикува КОВИД-19 користејќи хиперимунил серум развиен со помош на коњски антитела, соопшти лабораторијата овластена за испитување на овој потенцијален лек.

Reuters пишува дека серумот го произведува биотехнолошката компанија Inmunova, а се добовиа со вбризгување на протеинот САРС-КоВ-2 од кој коњите создаваат голема количина неутрализирачки антитела. Нивната крвна плазма потоа се прочистува и се обработува.

- Advertisement -

После позитивните резултати на лабораториските тeстирања клиничкото испистување на ефикасноста на серумот ќе се спроведе на 242 луѓе на кои им е дијагностициран умерен до тежок облик на болеста.

Ако во првите денови можеме да го намалиме размножувањето на вирусот, не само што ќе ја намалиме неговата моќност, туку мислиме дека оваа способност за неутрализирање на пациентите ќе им овозможи да развијат сопствен имунолошки одговор“ вели Фернандо Голдбаум, научен директор на биотехнолошката компанија Inmunova, која го спроведува испитувањето.

- Advertisement -

Аргентина досега има 175.000 потврдени случаи на зараза со корона вирусот, од кои починаа 3.200 луѓе.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -