Повеќе од третина од Македонците плаќаат туристички аранжмани преку интернет

- Advertisement -

Повеќе од третина од Македонците ги резервираат и плаќаат патните аранжмани преку интернет. Лидер во регионот на оваа тема е Албанија, каде што дури 45 проценти од корисниците на картички, вршат онлајн плаќање и купување на туристички аранжмани. Добри резултати бележат и Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде што скоро секој петти граѓанин го плаќа сместувањето и другите туристички услуги онлајн, додека во Србија тоа го прави скоро секој шести. Тоа го покажуваат податоците на регионалното истражување на Visa, кое е спроведено во склоп на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“.

Според податоците на Светската туристичка организација, во првите три месеци од оваа година, пандемијата предизвикана од COVID-19 има предизвикано пад на посетата од странските туристи на глобално ниво за 22 проценти, а оваа криза може да допринесе за годишен пад измеѓу 60 и 80 проценти во споредба со бројките од 2019 година. За ситуацијата со туризмот во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, се намалил за 99,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 97,6 проценти, а пак бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, е намален за 97,8 проценти, а бројот на странски туристи е намален за 99,7 проценти. Дополнително, бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на месец мај 2019 година, е намален за 96,7 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи бележи намалување за 98 проценти. Ситуацијата во Црна Гора е навистина сериозна, земајќи во предвид дека 90 проценти од туристите се од странство. Кога станува збор за Србија, бројот на ноќевања на домашните туристи во текот на месец мај е намален за 76,4 проценти, додека бројот на ноќевања на странските туристи е намален за 94,4 проценти, во однос на истиот период од претходната година, покажуваат информациите од Републичкиот завод за статистика. Во Босна и Херцеговина во април реализирани се 760 туристички посети што е пад од 99,37 проценти во однос на истиот период минатата година, a падот на бројот на ноќевања исто така е значителен и изнесува 97,98 проценти.

- Advertisement -

Колку туризмот е важен за глобалниот пазар, јасно покажува податокот дека странските туристи пред две години имаат остварено повеќе од милијарда одмори и со тоа потрошиле илјада милијарда долари во странство, според резултатите од глобалното истражување на компанијата Visa. Оваа ситуација влијае и на туризмот и на сите земји од регионот.

Туристичкиот сектор е сериозно погоден од пандемијата – значаен број на мали агенции мора да го стопираат своето работење, додека дури и поголемите компании се борат за опстанок. Сега е повеќе од било кога важно да пронајдат начин што ќе им овозможи своите услуги да ги нудат на безбеден начин. Додека се опоравуваат од кризата, се среќаваат со дигитална трансформација која е дефинитивно предизвик, но им овозможува сигурност на вработените во туристичкиот сектор, како и на патниците. Иако оваа година во пасошите нема да има печати, туристите започнаа да ги истражуваат убавините на своите земји, па се очекува локалниот туризам да процвета за време на летото.

- Advertisement -

„Туризмот е една од најважните бизнис гранки која вработува голем број на вработени и овозможува работење на многубројни компании. За локалните туристички агенции посебно е важно што порано да извршат дигитализација и на туристите да им обезбедат сигурни безготовински плаќања. Visa има долгогодишно искуство во поддршката на малите фирми, кои се темел на секој бизнис, а забрзаниот премин кон дигитални плаќања го прави нашето работење, но и мисија поважна од било кога порано“, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

За време на пандемијата, однесувањето на потрошувачите ширум светот значајно се промени, а голем број од нив премина на интернет купување, затоа што претставува посигурен и поедноставен начин на купување производи. Околу 86 проценти од купувачите во Централна Европа, Блискиот Исток и Африка ја имаат зголемено склоноста кон дигиталните плаќања во однос на периодот пред пандемијата. Проценките се дека овие навики ќе се оддржат и откако пандемијата ќе стивне, како и дека купувачите ќе продолжат да го преферираат дигиталното плаќање во однос на плаќање со готовина.

- Advertisement -

Околу 90 проценти од Македонците купуваат преку интернет. Од истите, 40 проценти купуваат производи и услуги онлајн бидејќи сметаат дека тоа е посигурен начин на плаќање за време на пандемијата. Како главни причини за интернет шопинг, купувачите ги истакнуваат заштедата на време и пари, сигурноста, брзината, практичноста и големиот избор, евидентни како заклучок во регионалното Visa истражување.

Сподели!
- Advertisement -