Докторите посочуваат кога е опасно да се користи гелот за дезинфекција на раце

- Advertisement -

Геловите за дезинфекција на раце на база на алкохол можат да реагираат со сончева светлина и да доведат до болни изгореници и пликови. Британски доктори издадоа итно предупредување врзано за користењето гелови за дезинфекција изложување на сонцето откако температурите неделава значително пораснаа.

Ако одите на плажа или на базен веројатно со себе сте спакувале и еден гел за дезинфекција со себе, но докторите предупредуваат дека во одредени случаи геловите за раце на база на алкохол може да ја влошат состојбата со егземата, исто како што може претераното изложување на сонце.

- Advertisement -

Докторката Симран Део за британскиот весник Mirror изјави дека се уште не ја откриле вистинската причина за ваквите реакции како пликови и изгореници, но познато е дека алкохолот може да ја влоши состојбата на кожата.

На прашањето какви се симптомите после користењето гел за дезинфекција и изложување на сонце, докторката Симран одговара: „Ако интензивно ја чешате егземата или малите меурчиња кои често се појавуваат после честа употреба на алкохолен гел, тоа може да доведе до инфекција, која може да изгледа како изгореници, додека делот од кожата станува црвен, влажен и горниот слој почнува да се лупи“.

- Advertisement -

Таа советува наместо гел да се одлучите за дезинфекција со сапун и вода кога времето е исклучително топло и кога поминувате повеќе време на сонце.

„Сапунот и водата навистина се најефикасна метода за миење раце после допирање разни површини“ додава д-р Симран.

- Advertisement -

(Vecernji)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -