Во Швајцарија можете да престојувате во хотел кој нема никакви ѕидови. Zero Real Estate создаде хотелски соби без ѕидови кои се поставени срење лозје, на планински падини и во близина на езера во Швајцарија.
Секоја од собите има по еден батлер кој се грижи за потребите на гостите. Карола Холденер, која работи како батлер, објасни како е да се работи во еден таков хотел и секој ден да се искачуваат по 400 чекори нагоре за да се проверат гостите или како изгледа да местиш чаршави на кревет кога одоколу дува силен планински ветар.
Првиот пат кога таа го местела креветот на некој гостин не можела да го намести половина час, а сега и требаат само 5-10 минути. Таа вели дека како и за се друго, и овде важи правилото дека праксата си го прави своето.
Целта на овие хотели на Zero Real Estate, хотелски бренд кој постои во источна Швајцарија, е да се тргне се што не е потребно во една соба и да им се овозможи на луѓето да и се препуштат на природната убавина на Швајцарија. На седум локации во Швајцарија – од лозја до високи планини – гостите можат да најдат платформа, кревет, две ноќни масички и две ламби. Една едноставна соба чини околу 310 долари од ноќ, а искуството е далеку од нормално.
(Business Insider)