Ричард Бренсон претстави концепт на авион со кој од Лондон до Њујорк ќе се патува само 90 минути

- Advertisement -

Британската компанија Virgin Galactic, чиј основач е британскиот милијардер Ричард Бренсон, неодамна ја претстави внатрешноста на своето летало за туристички патувања во вселената. Сега компанијата го претстави и својот план за суперсоничен авион кој треба да донесе револуција во патувањето со авион и да биде наследник на легендарниот „конкорд“

Иако станува збор за ран дизајн и концепт на авион, изгледа дека компанијата на Ричард Бренсон е сериозна во плановите за овој авион. Имено, како партнери во развојот на авионот се НАСА и Rolls Royce, компанијата која ги правеше млазните мотори за „конкорд“.

- Advertisement -

Според претставените планови, авионот би имал триаголни крила и би постигнувал брзина од 3.700 км/ч, што е речиси двапати повеќе отколку „конкорд“. Она за што посебно ќе се води сметка е одржливото гориво за авиони и технологијата кои, би влијаеле на помалата потрошувачка.

Ова е само концепт и ќе поминат уште години пред авионот да ја види светлината на денот. Во секој случај, идејата дека ќе може да се лета од Лондон до Њујорк за помалку време отколку што треба со автомобил од Скопје до некој од помалите градови во Македонија е навистина привлечна.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -